Беким Асани: Ем тепан, ем незаштитен

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

ЛГБТ активистот и претседател на здружението „ЛГБТ Јунајтед“ Беким Асани од Тетово, закажа прес и протест пред Владата за да потсети дека постојано е мета на напади кои ги пријавува во полиција, но и дека очекува одговори од институциите. Вели дека за 4 месеци бил мета на 3 хомофобични напади во Тетово, Струмица и Скопје, но за ниту еден од нив засега нема реакција од надлежните. Ако остане така уште една седмица, најави кампување со шатор пред Влада, заедно со неговата мајка.