Има пари за скапи службени коли и ручеци, има за сомнителни тендери, а децата ќе бројат гравчиња како во 19 век. Изјавата на министерот за образование Јетон Шаќири дека нема пари за печатење на сите учебници предизвика бура реакции во јавноста.
„Според податокот кој сега го имам, не верувам дека целосно можеме да го затвориме стручното образование со учебници зашто се работи за многу предмети. Реално, за средното образование немаме за сите предмети. За основното се обезбедени за сите предмети и за новата концепција и делот што останува за средното образование ќе се надополнува“, рече Шаќири за ТВ Сител.
Имам син, годинава матурант. Во минативе 4 години средно, повеќе беа предметите за кои немаше учебници, отколку оние за кои имаше. И тоа може во сооднос 2:1. Вакво фијаско не знам да било во историја. https://t.co/VlFGe1RJgB
— Shoku Boro (@borokitanoski) March 26, 2023
Немале пари за учебници, ај да видиме дали за нови коли ќе немаат, за година-две.
— Baumeister (@unterstrich12) March 27, 2023
Полиција е пуна као брод а не работи ништо парите да ги даде на министерство за образование за учебници
— Dracula 5G (@_____Nosferatu) March 27, 2023
Даноци плаќаме за да државата обезбеди "бесплатно" образование што е гарантирано право со Устав.Ако нема пари за учебници, тогаш КАДЕ СЕ парите Господине Министре Велики? pic.twitter.com/yCcgeWd8f7
— Кафеџика☕ (@Kafedzikata) March 26, 2023
Министерот потоа се дообјаснуваше дека не бил убаво разбран - има пари за учебници за основно и средно образование, но проблем е стручното образование, зашто има многу предмети, а во нив имало промени и надополнувања. Министерството потоа соопшти дека ќе се печатат етапно. Педагошката служба во 2022 година одобрила стотина учебници за средно образование, а за голем број предмети, постапките за изработка и одобрување на учебници е во тек.
Дел од граѓаните, пак, велат какви грешки има во учебниците, поарно и да не се печатат.
Дополни за да биде точно (учебник по македонски јазик за I одделение) pic.twitter.com/BsArY8ZZju
— Lajka (@Lajka_od_svemir) March 27, 2023
Јавноста бурно реагираше на грешките во учебникот по историја за петто одделение во кој пишува дека Македонија на исток се граничи со Албанија, а на запад со Бугарија и дека највисокиот врв на земјата Монт Еверест е висок 29 илјади метри, наместо 8849 метри.
Други, пак, велат дека учебниците се најмал проблем во образованието. Преживувањето е главниот.
Батали тоа што нема учебници, батали концепции, матури, ПИСА и дигитализација... Борбата овде е децава да го преживеат образованието... буквално. pic.twitter.com/L1Ty4NuiKH
— Daniel Evrosimoski (@evrosimoski) March 28, 2023
21 век, Македонија, образование на стероиди после 30 години реформи, нема пари за учебници, но затоа условите се Холивуд. Условите👇 pic.twitter.com/rEhqXhSKlL
— The Templar (@Andon_USA) March 29, 2023
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ веднаш реагираше дека Министерството за образование има буџет од 450 милиони евра, а изјавата на министерот е доказ дека приоритет на владата не е образованието, туку криминалните тендери.
Премиерот Димитар Ковачевски потоа ги повика граѓаните да не се грижат, зашто тој лично ќе се потруди да бидат обезбедени сите учебници бесплатни за учениците.
Кратка македонска приказна:-Шефе абе немаме пари за учебници.-Остај тоа ела со Бектеши палачинки прајме кај мене сме собрани.
— MiTre (@MiTreeej) March 28, 2023
Учебната година и онака завршува за два месеци, па веќе не е прашање дали ќе има книги за оваа, туку за наредната година. Тендерот за учебници по англиски јазик беше распишан дури овој месец, пред крај на учебната година.
Основците од прво, второ, четврто и петто одделение го завршија првото полугодие без учебници. Тие почнаа етапно да им се доставуваат дури пред крајот на полугодието. Поради тоа што учебниците не беа испечатени на време, децата добија привремени материјали за учење за чие печатење државата потроши 640 илјади евра. Проблемот со овие четири одделенија настана зашто за нив се воведе нова концепција на основно образование, па требаат и нови учебници.
Од компјутер за секое дете паднавме на неаме пари за учебници да печатиме за секое дете pic.twitter.com/0pKC1Vz7Hy
— Сушанто Рој (@shusantoroj) March 27, 2023
Не доцнат само учебниците. Крајот на минатата учебна година ги затекна надлежните на 10 јуни па децата не добија свидетелства за завршено образование, зашто тендерот доцнеше и не беа на време испечатени. Свидетелствата за претходната ги добија на почетокот на оваа учебна година.