Маалски забави и скара на улица во Киев додека Русија ја напаѓа енергетската мрежа

Жителите на станбена зграда се собираат на улица на заедничка скара на 18 јануари откако руските напади врз енергетската мрежа на Киев ја прекинаа струјата во многу делови од украинскиот главен град.

Жителите на Киев палат прскалки среде импровизираната улична забава откако беше исклучено централното греење.

Жителите танцуваат на улица за време на маалска забава во воени и зимски услови. Киев доживеа силен студен бран во последните денови, при што температурите паднаа на околу минус 15 Целзиусови степени (5 Фаренхајтови) на 18 јануари.

Жители се греат покрај оган во нивниот кварт во Киев.И покрај ваквите празнични сцени, реалноста со која се соочуваат локалните жители на Киев е сурова, со цевки кои пукаат од замрзната вода, а температурите во становите паѓаат под нулата.

Жителите на Киев се собираат „на скара“ на 18 јануари.Украинската енергетска компанија ДТЕК објави на 20 јануари дека повеќе од 335.000 жители на Киев се без електрична енергија.

Уште една маалска забава во Киев на 18 јануари.

Диџеј на забавата во еден од киевските квартови на која присуствуваа жителите погодени од прекините на електричната енергија во Киев.

Жени танцуваат за време на улична забава во Киев.Андриј Херус, шеф на Комитетот за енергетика, домување и комунални услуги на украинскиот парламент, за РСЕ изјави дека поради прогнозите за продолжување на суровото време, наредните недели ќе бидат исклучително тешки.

Споменик на Володимир Велики во Киев на изгрејсонце на 18 јануари.„Следните 30 дена ќе ни бидат тешки. Понекогаш слушам дека од одредена точка или една недела по таа точка, ќе се подобри, но потоа на крајот од таквите изјави додаваат со мали букви: 'Под услов да нема ново гранатирање'. Но, постои голема веројатност за ново руско гранатирање“, изјави Андриј Херус, шеф на Комитетот за енергетика, домување и комунални услуги на украинскиот парламент.

Во воени услови и на студено време и широко распространети тешкотии додека Русија ги уништува енергетските постројки на Украина, некои локални жители на Киев го одржуваат расположението излегувајќи на улиците за да се забавуваат со соседите.