Седум сложни сестри бизнис со флија градат

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Седум сестри со моминско презиме Бериша, отвориле фамилијарен бизнис со пецива среде пандемија, во Скопје. Одат напред водени од родителските совети за храброст и упорност и поддржани од двајцата браќа и од сопрузите. Најбарана им е флијата или ѓомлезето, подготвено на традиционален начин. Во нивната фурна тие го имаат главниот збор. Сепак, најглавна од сите, велат, е нивната мајка, а отворени се и за предлозите на браќата.