Еврејската заедница во Република Македонија (ЕЗРМ) и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија ја одбележуваат 83-годишнината од депортацијата на 7144 македонски Евреи во логорот Треблинка.
По тој повод, премиерот Христијан Мицкоски ќе положи цвеќе пред спомен обележјето во поранешниот Монопол во Скопје, а ќе се обрати и на настанот организиран по повод одбележувањето на годишнината.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска, присуствуваше на комеморацијата на Холокаустот на македонските Евреи.
Таа оддаде почит кон жртвите и положи венец пред спомен-обележјето посветено на 7144 македонски Евреи депортирани од фашистичкиот окупатор во логорот Треблинка во 1943 година.
Видете и ова: Трагедијата на Холокаустот пред македонски студентиЕвреите од Битола, Штип и Скопје, ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година биле собрани во скопскиот Монопол и од таму во три наврати депортирани во логорот Треблинка во окупирана Полска.
Транспортот на Евреите од Македонија започнал на 22 март 1943 година, а до 29 март истата година биле депортирани сите македонски Евреи во Треблинка, од каде никој не се вратил.
За само 14 месеци, од август 1942 до септември 1943 во Треблинка биле убиени 925 илјади луѓе, меѓу кои биле и 7144-те македонски Евреи.