Растат тензиите меѓу САД и Иран, Техеран ги оживува непријателската реторика и заканите за репресија

Пожар во Техеран за време на антивладините протести - со речиси целосната блоката на интернетот, добивањето информации од Иран останува тешко.

Тензиите меѓу САД и Иран остануваат високи додека тврдокорната власт во Техеран ја обновува непријателската реторика и им заканува на антивладините демонстранти со „најстроги казни“, вклучително и потенцијални егзекуции.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан – претходно сметан од многумина за релативно умерен меѓу иранските владетели – во неделата предупреди дека нападот врз врховниот лидер на земјата, ајатолахот Али Хамнеи, ќе доведе до „тотална војна“.

„Нападот врз големиот лидер на нашата земја е еднаков на целосна војна со иранската нација“, рече Пезешкијан во објава на социјалните мрежи.

Во говорот во саботата, Хамнеи ја пофали улогата на Пезешкијан во задушувањето на неодамнешните демонстрации, признавајќи дека „неколку илјади“ луѓе биле убиени за време на протестите.

Американскиот претседател Доналд Трамп се издвои меѓу западните лидери во критиките кон иранскиот режим за бруталното задушување на антивладините протести.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Иранка ги опишува неселективните убиства за време на задушувањето на протестите

„Ново лидерство“ за Иран

Трамп во саботата за Политико изјави дека Хамнеи е одговорен за „тотално уништување на земјата и за користење насилство на невидено ниво досега“ и рече дека е време да се бара „ново лидерство“ во Иран.

Најновиот предизвик за теократската влада дојде на 28 декември 2025 година, кога демонстрантите излегоа на улиците поради проблематичната економија на Иран, што ескалираше во пошироки протести.

Трамп првично предупреди дека САД се „подготвени и вооружени“ да дејствуваат доколку иранските безбедносни сили убијат демонстранти. Подоцна се закани дека ќе преземе „многу силни мерки“ доколку демонстрантите во Иран бидат казнети со егзекуции и бидат обесени.

Тој подоцна рече дека го одложува нападот откако Иран откажа 800 егзекуции, иако Техеран не ја потврди таа бројка ниту рече дека бесењата се трајно откажани.

Норвешката група за човекови права во Иран потврди дека безбедносните сили убиле најмалку 3.000 демонстранти, додека организацијата со седиште во САД, ХРАНА, го процени број на жртви на 3.308 со повеќе од 24.000 апсења. Оттаму додадоа дека се истражуваат уште 4.382 случаи.

Различни активистички групи изјавија дека бројот на жртви е многу поголем, но блокадата на интернетот го отежнува потврдувањето на информациите.

Видете и ова: Трамп порача дека е време за „ново лидерство“ во Иран

„Најстроги“ казни

Портпаролот на иранското судство, Асгар Џахангир, посочи дека егзекуциите сè уште може да се извршуваат.

„Низа дејствија се идентификувани како мохареб, што е меѓу најстрогите исламски казни“, изјави тој на прес-конференција во неделата.

Мохареб, или водење војна против Бога, е казниво со смрт според иранскиот закон.