Руси живеат во беда во рајот за работниците

Двојка седи пред таканаречениот дом „Париз“ за работниците во текстилната фабрика „Пролетарка“ во рускиот град Твер, 200 километри северозападно од Москва.

Во својот најславен период, Пролетарката беше самостојна заедница со продавници, библиотека, болница, два базена, театар, па дури и опсерваторија.

Деца играат во долгите ходници

Жена готви во комунална кујна. Како и голем дел од комуналните станови што Советите ги поставија низ Русија, Пролетарка почна да се распаѓа по падот на СССР во 1991 година.

Девојче поминува покрај влезот на комунална кујна. До крајот на 90-тите години, фабриката беше затворена - не можеше да се натпреварува со кинескиот увоз - и Пролетарка пропадна.

Зинаида Ибрагимова, 69-годишна жителка, се сеќава дека пристигнала во комплексот пред 50 години како работник во колективна фарма од регионот на Урал. Слегувајќи од автобусот, таа беше воодушевена од раскошот на неговите фасади од црвена тула.

Девојче стои во комунален ходник. Додека Пролетарка се издвојува по својата распадната величественост, условите за живот не се ништо невообичаено во Русија, каде многумина сè уште живеат во долго нереновирани згради.

Официјалната статистика е необична, но според бројките на Министерството за домување, објавени од весникот „Ведомости“, третина од руските станови ќе имаат потреба од големи поправки до 2045 година.

Луѓето минуваат покрај една од студентските згради. Рускиот претседател Владимир Путин ја направи станбената криза една од централните точки на неговите национални проекти. Тој вети државно финансирање за да помогне во зголемувањето на изградбата на нови станови на 120 милиони квадратни метри до 2024 година. Луѓето кои живеат во Пролетарка велат дека ништо од овие пари не виделе досега.​

Владимир Могилников (62) ги мие рацете во комунална бања. „Стотици луѓе живеат тука, честопати петмина во една соба, со мувлосани sидови и 'рѓосани цевки што протекуваат“, вели тој.

Една жена стои на влезот од комуналната кујна.

Residents share communal toilets, separated by flimsy shower curtains, and the ceilings are black with mold.

Ходник претворен во просторија за одмор.

Владимир Могилников стои на скалите на домот.

Жена поминува покрај една од зградите. Беше предложен амбициозен план за обнова на областа во период од 10 години, но тој никогаш не беше спроведен, бидејќи ќе чинеше двојно повеќе од целиот годишен буџет на Твер.