Локализиран пожарот во Универзална сала

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Пожарникарите го локализираа пожарот кој избувна во Универзална сала во Скопје. Додека интервенираа, вработени во пајак службата ги отстрануваа автомобилите паркирани во близина. Освен новинарски екипи, околу салата имаше и група граѓани кои набљудуваа, снимаа, фотографираа. Причината за пожарот во салата, која почна да се реновира пред еден месец, не е позната.