Победници на фото натпреварот „National Geographic Traveler“

Главна награда: „The Independence Day“ од Марко Корошец, Џулсбург, Колорадо, САД, 28.05.2013. „Фотографирав како се ближи торнадо“.
 

Втора место: „Прв пат“ од Агњешка Трачевска, Ерусалим, Израел. Меа Шерим е ултраордодоксен кварт во Ерусалим. Брачен пар по свадбена церемонија за прв пат остануваат сами. Нивнта свадба ја договориле родителите. 

Трето место: „Нуркач во Волшебно кралство“ Од Марк Хенојер, Зелено езеро, Австрија. Напролет кога снегот се топи нивото на езерото се зголемува за над 10 метри. Овој феномен трае само неколку недели, но е волшебен.

„Маглив мал град“ од Дувен Чен, Чешки Крумлов, Чешка Република. „Фотографијата е сликана напладне од замок кој е лоциран на крајот  на малиот град. Одлична панорама на скоро нечепнатиот историски град.

„Крај на светот“ од Шон Хакер тепер, Еквадор. Човек се лула со поглед кон вулканот на планината Тунгурахуа во моменти пред ерупција.
 

„Дами чекаат“ од Сузи Стерн, Лондон, Британија. „Невести или не. Со сладолед уживаат некаков специјален ден“.

„Одмор во Сахара“ од Ејаван Кол, Алжир. „Нашиот водич се одмора додека ја освојуваме најголемата пустинска дина. Качувањето траее 45 минути, а спуштањето по неа само 10 минути.“

„Божествена шминка“ од Махеш Баласубраманиан, Тамиланду, Индија. Празник во едно мало село ден по Махашиваратри или Големата ноќ на Шива. 

„Светлосен извор“ од Марчело Кастро, Бурма. „Свештеник чита книга во пагода“.