Паметно столче за намалување на трошоците за греење

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Tим средношколци од училиштето „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка направи паметно столче кое грее. Тие сакаат да ја намалат потрошувачката на нафта во училиштето, бидејќи во нивниот град грејната сезона трае седум месеци, а котелот за нафта работи исто и во февруари и во мај. Вака, велат, во месеците кога не е многу студено, со користење на столчиња кои греат би можеле да се намалат трошоците за греење долгорочно. „REBOOTERS“ со оваа иновација е еден од победничките тимови на „UPSHIFT Bootcamp“ во циклусот дигитализација. Програмата за социјални иновации ја реализира здружението Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD).