Блокади против посетата на Вучиќ на Косово

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Десетици демонстранти го блокираа патот во Косово за да го спречат српскиот претседател Александар Вучиќ да го посети етничкото српско село Бања. Ветераните на косовските Албанци од косовската војна во периодот 1998-1999 година учествуваа на протестот од 9 септември во близина на селото Војтес, што на крајот го спречи Вучиќ и го натера да ја откаже својата посета на Бања. Унгарските и швајцарските војници од КФОР беа распоредени до блокадата и рекоа дека се подготвени да интервенираат ако косовските власти го побараат тоа.