Последици од поплавите во Косово низ фотографии
Автомобил заглавен во вода во општина Малишево на 6 јануари по обилни дождови.
Поплавен пат по обилни дождови во општина Малишево.
Поради поплавите, општина Малишево се соочи и со прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Игралиште во Коморани по дождот.
Вака изгледа една улица во Коморани по поплавите.
Локалните власти во Дренас објавија дека неколку патни делници биле поплавени на 6 јануари и апелираа до граѓаните да користат алтернативни патишта.
Властите објавија дека ги евакуирале граѓаните од подрачјата загрозени од поплави во општина Малишево.
Поплавена улица во општина Малишево, каде што можат да се видат неколку куќи.
Камионот во подвозникот во Малишево.
Поплавен пат во Малишево
Граѓанин ја исфрла водата што влегла во продавницата во Малишево.
Поради поплавите, властите во Малишево објавија дека ќе го одложат почетокот на второто полугодие од учебната година.
Двајца мажи се качуваат по скалите, додека зад нив може да се види голема количина вода што останала по поплавите.
Вода се насобрала на дел од патот во општина Малишево.
Граѓанин се обидува да исчисти поплавена улица во Малишево.
Улицата во населено место во општина Малишево е целосно поплавена.
Хидрометеоролошкиот завод на Косово објави дека континуираните дождови што врнеле неколку дена на места како Ѓаковица, Јуник, Дечани, Малишево, Раховац и Клина довеле до излевање на реките и потоците.
Целосно поплавена улица во општина Малишево.
Во последните години, Косово се соочува со поплави кои предизвикаа материјални штети.