Како децениите на власт го обликуваа мозокот на Путин

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Претседателот Владимир Путин е подготвен да го продолжи своето повеќедецениско владеење со Русија на изборите во земјата од 15 до 17 март. Новиот шестгодишен мандат ќе му биде петти на Путин на функција, со што ќе остане во Кремљ до 2030 година. За РСЕ - Current Time, психијатри објаснуваат како прекумерната моќ може да влијае на функционирањето на мозокот и што открива импулсот за целосна контрола, за умот и карактеристиките на авторитетните личности.