Иранци во Босна и Србија: „Се надеваме на крај на репресијата“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Мохамед Огани и Адел Џалали-Асл одамна го напуштија својот роден Иран поради она што го опишуваат како репресија на режимот. Додека сликите од бруталното задушување на антивладините демонстранти продолжуваат да се појавуваат од Иран, Мохамед во Босна и Херцеговина и Адел во Србија внимателно ги следат настаните што се одвиваат во нивната земја. Тие за Радио Слободна Европа изјавија дека протестите, кои започнаа кон крајот на декември 2025 година, се кулминација на децении угнетување.