Славење и тага по смртта на иранскиот врховен лидер

Во Техеран поголема група на луѓе се собраа и тагуваат по смртта на врховниот лидер на земјата, ајатолахот Али Хамнеи.

Жени тагуваат на плоштадот Енгхелаб во Техеран откако иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи беше убиен во израелските и американски напади.

Иранци кои живеат во Јапонија слават по информацијата дека во нападите е убиен ајатолахот Али Хамнеи. Во Токио во близина на иранската амбасада демонстрираа со американски знамиња и со ирански знамиња од периодот пред револуцијата во 1979.

Од друга страна прврзаниците на ирачките шиитски вооружени групи протестираа во Багдад заради смртта на Али Хамнеи.

Членови на иранско-американската заедница слават откако американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека е убиен иранскиот врховен лидер. На фотографијата: Садаф Ебрахими, Ширин Нариман и Мехран Ибраими во сојузната американска држава Вирџинија.

Жени од шиитската муслиманска заедница извикуваат слогани против САД и Израел во Шринагара во Кашмир.

Шиитски муслиман држи фотографија на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи на протестите во Кашмир.

Жена со иранско знаме од времето пред исламската револуција во 1979 за време на славењето на иранската заедница во Лос Анџелес.

Собир во Техеран на 1 март на кој тагуваат за нивниот врховен лидер кој беше убиен ден претходно.

Додека во Иран, но и во соседните земји протестираат по смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи по американско-израелските напади, Ирансците во дијаспората се спобираат за да слават.