Г-не Ѓорѓиевски, отчетот за 100 дена го презентиравте во Филхармонија. Зошто не избравте прес-конференција каде новинарите ќе можеа да постават прашања?
Би кажал најпрво дека тоа е мојот стил на делување. Јас така и како градоначалник на Кисела Вода со настани ги одбележував сите оние моменти кога треба да презентирате пред јавноста што е она што сте го сработиле, со нивните средства и како биле потрошени средствата на граѓаните. Сметам особено дека изминативе четири години на отсуство на транспарентност на градот Скопје и целосна затвореност, дека треба целосно да го смениме текот и следот на настаните. Така што пред неколку дена настанот беше направен пред околу 1.000 наши сограѓани. Таму присуствуваа и медиуми, присуствуваа и новинари и сметам и во таа насока дека ќе продолжиме и понатаму да ги правиме настаните на отчетност, земајќи во предвид дека тоа ги чинеше нула денари граѓаните. Така што и во наредниот период секогаш кога ќе има нешто добро да се соопшти за граѓаните, да објавиме што сме сработеле изминатиот период, секогаш ќе го правам тоа во ваков формат.
Највивте 100 нови автобуси во Скопје и уште 30 како дел од проектот БРТ. Кога на терен ќе видиме работи за БРТ за првата траса.
За БРТ-то, прво ми е многу драго што конечно со ЕБОР го откочивме процесот. Тоа беше макотрпна работа изминативе повеќе од три месеци, колку што сум градоначалник во градот Скопје. Верувам дека некаде втората половина на оваа календарска година ќе започнеме со тендерирање на таа постапка. Тоа е сериозен проект за градот Скопје којшто генерално ќе ги среди овие гужви коишто ги имаме сообраќајни, а се поврзани со делувањето на автобусите во трасите во моментов во градот Скопје. Од друга страна, пак, како што знаете дека обезбедуваме повеќе од 30 нови автобуси преку овој проект. Што значи дека, јас верувам, некаде најдоцна на почетокот на наредната календарска година би почнале со градежните активности и би почнале со работа на терен.
Видете и ова: Скопје – градот на вечните предизборни ветувањаРековте дека ќе ја ревидирате втората траса Киесла – Вода до Радишани. Дали го направите тоа?
Тоа е доработка на проектот и веќе како што споменав, сериозен тим работи на сето тоа. Не е доволно ние да ги опфатиме правците Ѓорче Петров и Ново Лисиче. Нас ни треба целосно опфаќање на градот Скопје. Земајќи во предвид дека ние овој руиниран возен парк - флотата на автобуси со којашто располагаме во моментов - којашто долги години не е обновена, ќе ја обновиме со 100 автобуси и поддршка од страна на Владата и дополнително уште најмалку сетина автобуси преку овој проект. Ние ќе имаме доволно автобуси за да го покриеме цело Скопје. Затоа ни треба додавање на тие две траси. Едната е Радишани, едната е према Драчево, каде што на граѓаните ќе им овозможиме комфорен транспорт од точка А до точка Б и притоа што помалку да користат сопствени автомобили.
Споменавте дека во моментов јавниот превоз се соочува со проблеми. Меѓутоа, зашто во моментов барем нема точен возен ред на интернет страниците? Граѓаните се жалат дека гледаат едни термини на интернет, а во реалноста се соочуваат со доцниња на автобусите.
Јас секогаш сум искрен во моите искази и настапи во јавноста и ова ќе морам да го проверам со директорот, којшто знам дека Саше Илиевски дава се од себе изминатиов период. Најпрво имаше информација пред неколку дена во јавноста дека 150-тина автобуси биле секојдневно ставани во функција, уште 30 плус се поправени, а стоеа по гаражите изминатиов период. Значи околу 180 автобуси имаме како јавно сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје коишто се обраќаат на линиите низ градот. Ќе морам да проверам, доколку има точна информација или забелешка од некој од граѓаните, еве апелирам да реагираат до градот Скопје, но и до јавното сообраќајно претпријатие. Откако ќе ни стигнат новите 100 автобуси од Владата, 30 автобуси преку БРТ, тогаш ние ќе можеме да дискутираме ако имаме некоја аномалија дека ние не сме напраиле се. Но во моментов јас давам се од себе со тоа што располагаме да го ставиме во целосна функција за граѓаните.
Видете и ова: Дотраени и нередовни автобуси кои редовно доцнат: Алармантна состојба во ЈСПВашите планови се изградба на нови булевари, подземни сообраќајници и мостови. Дали сметате дека проширувањето на улици е најдобар пристап во град кој веќе се соочува со сериозно загадување и прекумерна доминација на автомобили во јавниот простор?
Јас имам паралелен пристап. Од една страна ги решаваме тесните грла во градот, за да обезбедиме нормален проток во сообраќајот, повеќе кружни текови да можеме да изградиме, да нема застој на возилата, а со тоа и повеќе испуштања на гасови од возилата, за да биде амбиенталниот воздух таков како што е години наназад, особено зимскиот период. Но дополнително и обрнуваме внимание и на еколошкиот транспорт, за од двете страни процесите да ги заокружиме онака како што треба кога станува збор за транспортот. Ние не можеме амбиенталниот воздух во главниот град да го подобриме единствено ако набавиме еко-автобуси или единствено ако ги прошириме булеварите и овозможиме понормален проток од оној којшто го имаме во моментот. Тоа се многу процеси коишто треба да ги завршиме наредниот период. Тука спаѓаат и домаќинствата, и гасните централи на коишто работиме интензивно со владата, обезбедувајќи позиции коишто би биле во иднина гасни централи, преку коишто оние домаќинства кои користат цврсти горива, односно дрва изминативе 30 и повеќе години, би ги обезбедиле со еден топловод за да може алтернативно гориво да користат. Тоа се и мерки и субвенции за такси превозниците коишто се над 2,5 илјади во главниот град за да можат да го обноват возниот парк и да користат еко возила. Така што, ова е сплет на околности во коишто ќе треба да влијаеме по малку во секоја сфера, но на крајот на денот тоа е процес којшто започнува од граѓанинот, а завршува до централните институции, односно до владата, не само до градот Скопје, во којшто сите ќе треба по нешто да дадеме.
Забележувате ли дека сè почесто се нарушуваат и малкуте зони без моторизиран сообраќај, како на кејот на Вардар иливо Градскиот парк, каде граѓаните пријавуваат движење на мотори?
Се согласувам и искрено, како и на најголем дел од нашите сограѓани, несовесноста на поединци и мене многу ми пречи и затоа изминатиов период, ете можеби е минорна работа, но треба да ја споменам, повеќе од 300 столпчиња имаме поставено на разни позиции. Еве ако тргнете булеварот Борис Трајковски со години беше узурпиран, тротоарот и велосипедската патека таму, од паркирани возила. Сеа започнавме цел потег да го средуваме со столпчиња. Исто на многу позиции на Кејот поставуваме столпчиња, онаму каде што беа практично и извадени во минатото и така ќе продолжиме во наредниот период, овозможувајќи бариери преку коишто нема да може да има такви девијантни појави.
Видете и ова: Дали ќе се менува Правилникот за урбанистичко планирање?Кулата на АЕК на Водно според најавите ќе има два ресторани, еден ротирачки и еден на приземјето. Како гостите ќе стигнуваат до таму? Дали само жичарата ќе биде опција за гостите или ќе дозволите и возила?
Лично јас сум да не се дозволува да има автомобили коишто ќе движат кон врвот на Водно, или да бидам попрецизен од средно Водно според мене не треба да има возила коишто ќе движат нагоре, освен некои специјални возила. Откако ќе го средиме автобускиот транспорт, јас тоа би го регулирал подобро со еден автобус којшто ќе се обраќа и ќе може да го користат, ете некој којшто би бил посетител таму, но во моментов немаме ни барање добиено за тоа, ниту па во моментов планирам да дадам дозвола за движење на автомобили таму.
Зошто Скопје со години не може да стане град како другите европски метрополи — без ниту едно куче скитник на улица?
Поради инертноста на институциите со години и од друга страна поради неодговорноста.
Парите не се проблем?
Па сметам дека не се пари секогаш во прашање. Ние имаме и законски регулативи коишто за жал му дозволуваат на некого да прави тоа што сака да го направи. Во многу европски метрополи тоа е регулирано со закон, да вие немате можност девијантно да влијаете во општеството и каде што ќе ви текне да оставите куче на улица - во парк или во некоја нива, или пак да дојдете од друг град, дали од Тетово, Гостивар или Велес, па едно комбе да го истурите, со 20, 30 или 40 кучиња. Ние имавме неколку интензивни состаноци со Агенција за храна и ветеринарство, со директорот, со којшто имаме одлична соработка. Прво ќе работиме на законски измени, а дополнително за разлика од минатото, еве годинава предвидовме во буџетот и веќе се припремаме да ги зголемиме капацитетите на Лајка за да може кучињата скитници да имаат хуман третман таму, но таму ќе направиме еден голем парк, каде што ќе можат граѓаните да го посетуваат за викендите, да стане едно место за игра, за забава, но и место од каде што децата ќе си отидат со свој миленик дома. Така да, ќе работиме на моментот на посвојување на кучиња.
Видете и ова: Бездомните кучиња го окупираа Скопје - обвинувања за меѓуопштински и прекуграничен „увоз“Сметате ли дека во текот на вашиот мандат ќе го решите овој проблем?
Убеден сум. Убеден сум дека како и многу други проблеми дека и овој ќе го решиме. Дека ќе има повторно ситуација од над 400 наши сограѓани коишто ќе бидат каснати по улиците, дека градот ќе плаќа над 500,000 евра годишно за судски трошоци и износ којштио се однесува на оштета по однос на каснувањето од куче, нема да биде таква состојабата. Дали до крајот на мојот мандат нема да има ни едно куче скитник по улиците, не можам да гарантирам, но дека далеку далеку ќе бидеме од она што сме денес, тоа со сигурност го гарантирам.
Дали новиот Луна парк ќе биде исклучиво за деца или ќе биде и за возрасни?
Тоа ќе биде забавен парк којшто ќе биде за сите возрасти. Конечно Скопје ќе добие Луна парк и како што ветив на граѓаните јас сум длабоко убеден дека ќе успее и постапката, во финална фаза е тендер постапката. Верувам дека ќе биде избран сериозен изведувач и дека до некаде јуни 2027 година ќе може да сечеме лента. Конечно нашите деца ќе добијат едно место каде што ќе им се изградат спомени и ќе можат среќно да го поминат своето детство.