Оваа пролет Бугарија ќе ги одржи своите седми последователни парламентарни избори од април 2021 година наваму. Ова стана јасно откако партијата Алијанса за права и слободи (АПС) на Ахмед Доган го врати мандатот за формирање Влада на претседателот Румен Радев.
Со ова, се исцрпе предвидената постапката по оставката на Владата на Росен Жељазков. Сега на потег е шефот на државата кој треба да го објави датумот на кој ќе се одржат новите избори.
„Одиме на избори“, резимираше Радев на крајот од средбата со АПС.
Претходно оваа недела, Радев го доделуваше мандатот за формирање владата на првите две политички сили во парламентот – ГЕРБ и коалицијата Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија (ПП-ДБ). Двете го вратија мандатот.
Видете и ова: Бугарската Влада падна по масовните протести против зголемување на даноците и корупцијатаВладата на Жељазков, која беше поддржана од ГЕРБ, Движењето за права и слободи (ДПС), Бугарската социјалистичка партија (БСП) и Има таков народ (ИТН), поднесе оставка во декември под притисок од најмасовните протести што се случија во Бугарија во последните децении.
Причината за нив беа предлозите на Владата за Буџетот за 2026 година, кој никогаш не беше усвоен.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Нови протести во Бугарија по повторното предлагање на контроверзниот буџет
Бугарија влезе во спирала со предвремени избори откако заврши мандатот на третата влада на Бојко Борисов (2017-2021). Оттогаш, имаше низа привремени односно технички влади назначени од Радев и само две редовни односно политички влади кои не ги завршија своите мандати – на Кирил Петков (2021-2022) и Николај Денков (2023-2024).
Во меѓувреме, ПП-ДБ, ГЕРБ и МРФ протуркаа уставни измени со кои се ограничуваат овластувањата на претседателот на државата да назначува привремени премиери, обврзувајќи го за функцијата да избира личност од список на одредени високи државни службеници.