САД бараат од своите граѓани да ја напуштат Сирија

Стејт Департментот побара поголемиот дел од персоналот на американската амбасада во Сирија да ја напушти земјата поради страхувањата од ескалација на судирите меѓу владините сили и анти-владините демонстранти. Исто така е упатено предупредување до американските граѓани да не патуваат во Сирија, а оние што се таму, да ја напуштат земјата, додека е тоа можно. Најмалку 39 лица биле убиени, а 70 повредени вчера во градот Дера откако војската отворила оган врз демонстратните. Во разбивањето на демонстрантите за прв пат биле употребени и тенкови.