Убиен еден од лидерите на Ал Каеда во Авганистан

Сојузничките сили во Авганистан денеска соопштија дека убиле еден саудиец, за кого се смета дека бил еден од лидерите на Ал Каеда и втор најбаран бунтовник во земјата. Абдул Гани бил убиен во воздушен напад во провинцијата Кунар пред две недели.