Дипломатски тензии меѓу Иран и арапските земји

Бахреин му нареди на еден ирански дипломат во рок од 72 часа да ја напушти земјата поради сомневањата дека е поврзан со иранската шпионска мрежа, откриена во Кувајт. Претходно, Кувајт протера тројца ирански дипломати поради шпионирање. Иран денеска најави можни реципрочни мерки. Во последно време се зголемуваат тензиите меѓу Иран и арапските земји од Заливот.