Борбите во Сирија продолжуваат

Сириските војници напреднале во напорите за спречување на народнте протести. Според активистите за човекови права , до сега во судири со безбедносните сили загинале над 25 бунтовници. Сириската државна телевизија повикуквајќи се на изјава на армиски претставник соопшти дека војниците навлегле во Дера по барање на граѓаните за да ловат „екстремистички терористички групи.“ Според изјави на сведоци за други медиуми војниците го нападнале и предградието на Дамаск, Доума и други градови.