Нов обид за влез на милитанти од Авганистан во Таџикистан

Таџикистанските власти соопштија дека еден граничар и еден милитант загинале во судир на границата со Авганистан кога група од 10 милитанти се обиделе да влезат во земјата.
Станува збор за 6 обид на борци од Авганистан да влезат на територијата на Таџикистан оваа година. Таџикистанската армија предупреди дека милитантите притиснати од САД во Авганистан плоанираат да направат немири во соседните земји.