Викиликс: многу од затворениците на Гуантанамо беа безопасни

Викиликс објави класифицирани американски документи, според кои, САД држат десетици невини луѓе со години во Гуантанамо. Во документот објавен во Гардијан се наведува дека од 220 затвореници оценети како опасни терористи, 150 биле невини авганистанци и пакистанци.
Стејт Департментот соопшти дека многу од документите се нецелосни.
Две години откако Претседателот Барак Обама нареди затворање на затворот, во Гуантанамо американска база на Куба има уште 172 затвореника.