Томислав Николиќ излезе од болница, ќе присуствува на велигденска литургија

Томислав Николиќ

Лидерот на Српската напредна партија Томислав Николиќ утрово го напушти Клиничкиот болнички центар во Нов Белград, соопшти претставник на партијата. Според портпаролот, Николиќ ќе присуствува на литургија во Соборниот храм, каде и ќе се причести. Николиќ започна штрајк со глад и жед на 16 април, а следниот ден беше хоспитализиран поради влошена здравствена состојба.