Силите на Гадафи се повлекле од Мисрата

Силите лојални на Муамар Гадафи се повлекле од Мисрата, јавија медиумите. Крајбрежниот град, кој е под контрола на бунтовниците, беше напаѓан речиси два месеци. Доколку медиумските извештаи се точни, тогаш Мисрата е единствениот поголем град во западниот дел на Либија кој е под бунтовничка контрола. Во меѓувреме, либијскиот заменик министер за надворешни работи Калед Каим изјави дека силите на НАТО бомбардирале мети во Сирт, Гаријан, Азизија, Триполи и Хира.