Одбежување на денот на Христовото Воскресение - Велигден

Папата Бенединкт XVI по повод денот на Христовото воскресение ќе одржи миса во Рим, по што ќе следи неговото годишно обраќање “Urbi et Orbi”. Воскресенски литургии денеска се закажани во сите христијански храмови на денот кога, како што учи црквата, Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. По повод празникот, Националниот совет за родова рамноправност денеска пред Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ го организира традиционалниот хуманитарен велигденски хепенинг. На овој настан се продаваат производи подготвени од членките и активистки на советот, а приходите се наменети за хуманитарни цели.