Промена на сообраќајниот режим во Скопје за Велигден

Дел од центарот на Скопје ќе биде блокиран за прославите на денот на Христовото воскресение

Поради велигденските празници, во централното градско подрачје, ќе има изменет сообраќаен режим. Ќе биде забранет сообраќајот од 18 часот вечерва до утре до 6 часот наутро на дел од булеварот „Партизански одреди“, односно од крстосницата со ул. „Франклин Рузвелт“ до крстосницата со ул. „Даме Груев“, како и на дел од булеварот „Св. Климент Охридски“, од крстосницата со ул. „Орце Николов“ до крстосницата со ул. „Димитрие Чуповски“. Автобусите на јавниот градски сообраќај што се движат по бул. „Партизански одреди“ во насока кон Карпош, ќе бидат пренасочени и ќе се движат по улиците „Димитрие Чуповски“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Франклин Рузвелт“.