Нападната резиденцијата на Гадафи, тврди либијската влада

Либијската влада тврди дека резиденцијата на лидерот Муамар Гадафи во близна центарот на Триполи била погодена при воздушен напад на НАТО. Од Алијансата не коментираат. Портпаролот на либијската влада Муса Ибрахим рече дека тројца загинале во нападот. Претходно, високорангиран либијски државен служебник рече дека владините трупи ќе се повлечат со цел да им дозволат на вооружените цивили да се справат со анти-владините бунтовници во градот Мисрата. Денешниот инцидент се случува еден ден откако Соединетите американски држави одлучија да вклучат беспилотни летала во воената интервенција во северноафриканската земја.