Времето денеска сончево и топло

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има локални краткотрајни врнежи од дожд и појава на грмежи, особено во западните и североисточните делови. Температурата ќе се движи од 16 до 24 степени. Во Скопје и околината слично време, со температура до 22 степени.