Најкрвав ден за демонстратните во Сирија, над 70 загинати

Syria -- A video grab shows anti-government demonstrators rallying in Jasim, Daraa Governorate, 22Apr2011

Најмалку 72-ца демонстранти биле убиени во Сирија од страна на безбедносните сили, што е најмногу од почетокот на анти-владините протести пред пет недели. Според очевидци, најмногу загинати имало во едно село во близина на Дера на југот од земјата и во предградијата на Дамаск.
Белата Куќа ја повика владата во Дамаск да ги запре насилствата врз демонстрантите. Портпаролот Џејм Керни изјави дека властите треба да прекинат со употребата на сила и да ги спроведат ветените реформи. Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хаг изрази загриженост од информациите за голем број жртви во Сирија.
Сиријската државна агенција јави дека безбедносните сили употребувале само водени топови и солзавец и оти неколку лица биле повредени, меѓутоа од Сирија се појавија видео материјали и фотографии на кои е прикажано како се пука со огнено оружје врз демонстрантите, а тоа го тврдат и очевидци.