2011-та клучна година за конфликтот во Авганистан

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс изјави дека во војната во Авганистан, кон крајот на годинава ќе има значителни промени. Гејст, на прес конференција во Вашингтон изјави дека интензивната воана кампања на Соединетите Држави и на сојузниците ги принудила талибанците да се повлечат од реоните што ги контролирале со години. Според Гејтс, 2011-та е критична година за конфликтот во Авганистан.