Јапонската влада ги одобри првите 50 милјарди доари за санирање на последиците од земјотресот

Јапонската влада денеска одобри близу 50 милијарди долари за обнова на уништените региони од катастрофалниот земјотрес и цунамито од 11-ти март. Овој итен буџет се очекува да биде одобрен во парламентот во наредната недела. Претставници на владата велат дека ова е само првиот дел од трошоците за санирање на последиците од катастрофата, кои се проценуваат на над 300 милијарди долари.