САД имаат намера да употребат вооружени летала во Либија

Соединетите држави соопштија дека имаат намера да употребат напади од воздух врз Либија за да ги спречат нападите на силите на Муамер Гадафи. Министерот за одбрана Роберт Гејтс изјави дека претседателот Барак Обама одобрил употреба на воооружени беспилотни летала–предатор- во операцијата во Либија, за да се унапреди прецизноста на гаѓањето цели на земјата.Британскиот премиер Дејвид Камерон повтори дека НАТО не планира да распореди копнени сили во Либија