Одблокирани кандидатурите на 8 курдски политичари во Турција

од протестите

Турската изборна комисија соопшти дека ја ревидирала одлуката за блокирање на кандидатурата на неколкумина курдски политичари на претстојните парламентарни избори во земјата. Изборниот борд соопшти дека осуммина кандидати сега можат да се кандидираат на изборите, со што се ревидираше првичната одлука на државната институција, според која 12 кандидати од курдска партија го изгубија правото на кандидатура. Одлуката на изборачкиот борд следи по протестите кои ги предизвика забраната. Во немирите кои избија во југоистокот на Турција загина еден човек.