Унгарски медиум известуваше во чест на Хитлер

Унгарски он-лајн медиум, подржан од десничарската партија Јобик го одбележа роденденот на Адолф Хитлер. Посетителите на сајтот сведочат дека медиумот емитувал извештај од триесет секунди во кој се поздравуваат наводните економски и политички постигнувањата на лидерот на нацистите на неговиот 122 роденден. Според медиумот, Хитлер бил жртва на политички лов на вештерки во организација на, како што беше соопштено, „англо – саксонските и болшевичките сојузници“. Државните медиуми не јавија ништо за известувањето на десничарскиот интернет портал.