Стотина тужби за луѓе кои не се вакцинирале против морбили

Министерството за здравство поднело стотина тужби за неодговарање на поканите за вакцинација против мали сипаници, потврди денеска министерот за здравство Бујар Османи. „ Има семејства кои имаат седум до девет покани, но сепак не се одзвале на вакцинацијата и тука сме принудени да поднесеме тужби не за да ги казниме туку да ги натераме да се вакцинираат“ рече министерот. Тој посочи дека до сега 20 илјади лица биле вакцинирани против заразната болест, попозната како морбили. Во меѓувреме, според информациите на Министерството, регистрирани се 13 нови случаи на заразени со мали сипаници, со што бројот на заболени се искачил на 739 пациенти.