Илјадници Курди се собраа на погреб во Турција

од протестите

Илјадници Курди се собраа во градот Дијарбакир во југоисточниот дел на Турција на погребот на демонстрант кој загина при протестите во населеното место. Немирите избија по одлуката на турските власти за блокирање на кандидатурата на неколкумина курдски кандидати на парламентарните избори закажани на 12 јуни. Претседателот Абдула Ѓул повика на смиреност а Високиот изборен борд најави ревидирање на одлуката за дисквалификување на кандидатите од Курдската работничка партија.