Киргизските пратеници истеруваат зли духови од Парламентот

Киргизските пратеници денеска жртвувале седум овци во обид да ги истераат злите духови од парламентот. На церомонијата, како што е соопштено во Бишкек, присуствувале скоро сите пратеници, а месото од жртвуваните овци ќе им било разделено на сиромашните. Во изминатиов период имаше многу жолчни расправии меѓу трите партии кои ја соочинуваат кревката коалиција во Киргизстан.