Двајца странски фоторепортери убиени во Либија

Двајца истакнати странски фоторепортери биле убиени додека ги покривале борбите во либискиот град Мисрата меѓу бунтовниците и силите лојални на Моамер Гадафи. Станува збор за британскиот воен фоторепортер Тим Хедерингтон кој како корежисер на документарниот филм за американските војници во Авганистан ,,Рестрепо,, беше номиниран за Оскар. Во Мисрата бил убиен и американецот Крис Хондорс кој покривал многу конфликти во светот, од Косово до Авганистан. И двајцата биле на возраст од 41 година.