ЕУЛЕКС против случајот за трговија со човечки органи да оди во ОН

ЕУЛЕКС

Мисијата на ЕУ во Косово ЕУЛЕКС може самостојно да ја изврши истрагата на фактите, поврзани со илегалната трговија на човечки органи во Косово, без непотребно да биде вовлечен Советот за безбедност на Обединетите нации, изјави за српскиот дневник Вечерње новости Маја Коцијанич, помошник на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон. Секретаријатот на ОН соопшти дека вчера бил добиен документ од Србија, во кој се бара проблемот со трговијата на човечки органи да биде предаден на СБ на ОН.