Загина британски фоторепортер во Либија

Британскиот воен фоторепортер номиниран за Оскар, Тим Хедерингтон загина денеска во Мисрата, Либија а уште тројца фоторепортери се ранети. Неговиот публицист Јоана Рамос Бојер изјави дека Хедерингтон бил убиен во внатрешноста на единствениот град кој е под контрола на бунтовниците. Британецот бил и филмски режисер и ко-директор на документарниот филм „Рестрепо“ за американските војници во Авганистан.