Нови судири во Мисрата, реакции од Обединетите нации

Комесарот за човекови права на Обединетите нации Нави Пилај рече дека користењето на касетни бомби од страна на лојалистите на либијскиот лидер Муамар Гадафи може да се смета за „меѓународен криминал“. Тешки судири и денеска се случуваат во градот Мисрата, третото по големина населено место во северноафриканската земја. Се верува дека стотици загинале во судирите меѓу бунтовниците и силите лојални на Гадафи. Хуманитарните организации тврдат дека има дефицит на храна и медикаменти. Мисрата е едно од последните големи населени места во Либија кое е под контрола на бунтовниците.