Груевски се сретна со Лавров, разговарале за економска соработка

Од посетата на Лавров во Охрид

Интензивирање на соработката меѓу Македонија и Русија, пред се, во делот на енергетиката, но и на економијата и политиката биле тема на разговор на премиерот Никола Груевски со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Груевски во изјава за медиумите оцени дека има позитивен тренд во односите меѓу двете земји, особено, како што рече, откако руската компанија „Газпром“ објавила дека Македонија ќе биде вклучена во гасоводот „Јужен поток“. „Во тек се процедури од кои може да очекуваме да се склучат и соодветни договори“ дополни Груевски.