Да се извлечат поуки од Фукушима, порача Бан Ки Мун

Бан Ки Мун во Чернобил

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун рече дека треба да се извлечат поуки од катастрофата во нуклеарната централа во Фукушима, која минатиот месец беше оштетена од цунами брановите предизвикани од земјотресот во Јапонија. Првиот човек на светската организација денеска го посети Чернобил, заедно со шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукија Амано и украинскиот претседател Виктор Јанукович. Претходно, Амано рече дека несреќата во јапонската централа во Фукушима не ја потценува вредноста на атомската енергија. Инаку, следната недела во Украина ќе се одбележат 25 години од нуклеарната несреќа во Чернобил, која се случи на 26 април во 1986 година. Вчера во Киев се одржа донаторска конферецнија за купување на заштитна обвивка за реакторите во украинската нуклеарка, настан на кој беа собрани 550 милиони евра.