Нереален избирачкиот список во Косово?

илустрација

Приштинскиот весник „Зери“, повикувајќи се на неименуван извор од Институтот за статистика на Косово, денеска објави дека бројот на жители во Косово не надминува 1,8 милиони луѓе, а списокот на избирачи од претходните избори, во кој има 1,63 милиони лица со право на глас, не е дури ниту приближно точен, соопшти Танјуг. Иако уште ги нема првичните резултати од пописот на населението и домаќинствата во Косово, што завршува денеска. Извор од статистичкиот институт за весникот изјавил дека врз основа на 99 проценти од обработените податоци од пописот, во Косово има 1,8 милион жители, без да се бројат околу 60.000 жители од северните општини, кои не учествуваа во пребројувањето. Тоа на терен покажува дека Косово има речиси идентичен број избирачи колку и жители, иако според демографите околу 70 проценти од жителите на Косово се под 30-годишна возраст, пишува медиумот, според чии пресметки, над 500.000 лица не би требало да имаат право на глас.