Фукушима не ја потценува вредноста на атомската енергија, смета Амано

Јукија Амано

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, говорејки од местото на експлозијата во нукеарката во Чернобил, рече дека несреќата во јапонската централа во Фукушима не ја потценува вредноста на атомската енергија. Јукија Амано денеска го посети местото на една од најголемите нуклеарни катастрофи во човековата историја заедно со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун и украинскиот претседател Виктор Јанукович. Амано рече дека нуклеарната енергија е важна опција за диверзификација на производството на енергенси, но безбедноста мора да биде загарантирана. Следната недела во Украина ќе се одбележат 25 години од нуклеарната несреќа во Чернобил, која се случи на 26 април во 1986 година. Вчера во Киев се одржа донаторска конферецнија за купување на заштитна обвивка за реакторите во украинската нуклеарка, настан на кој беа собрани 550 милиони евра.