За што се трошат парите од ММФ?

Владата зема кредит од ММФ во вредност од 220 милиони евра

Каде завршуваат парите од кредитот од ММФ, за исплата на плати и покривање тековни трошоци или капитални инвестиции? Економистите и бизнисмените немаат информации.
Економистите и бизнисмените немаат директни информации каде одат и како се трошат парите од кредитот од ММФ, но остануваат на ставот дека најголем дел треба да се искористат за инфраструктурни проекти и дека не смеат да завршат за непродуктивни трошења. Јован Дабевски е претставник од млечната индустрија:
Не знам. Се надевам сметаат на некои капитални инвестиции, патишта, реновирање
итн.


„Не знам. Се надевам сметаат на некои капитални инвестиции, патишта, реновирање итн.“

Владата најави дека дел од парите ќе се трошат за капитални инвестиции, но најмногу сомнежи има дека парите ќе се искористат за плати, пензии и тековни субвенции.

Зградата на ММФ. Никој не знае каде ќе заврши кредитот од 220 милиони евра.

Сепак, Дабевски наоѓа дека воопшто пуштањето пари во оптек се добредојдени:

„На секој начин ќе стигнат во бизнис заедницата, пуштени се во оптек во било кој сектор во Македонија и се добредојдени за било кој сектор од бизнис заедницата.“
Секогаш владата, државата мора да има свои приоритети каде јавните пари или овие скапи пари, бидејќи се долг за идните генерации, како ќе бидат потрошени, а дека се трошат за капитални инвестиции како што е енергетика, инфраструктура и слично, тоа не е случај
очигледно.

Со ова не се согласуваат економистите. Парите може индиректно да завршат во стопанството, но државата мора да има приоритети, вели професорот по економија Сашо Арсов:

„Ако сакате да карикираме, тие и да ги фрлите од прозор повторно ќе завршат во стопанството бидејќи некој ќе ги потроши за купување на одредени производи. Секогаш владата, државата мора да има свои приоритети каде јавните пари или овие скапи пари, бидејќи се долг за идните генерации, како ќе бидат потрошени, а дека се трошат за капитални инвестиции како што е енергетика, инфраструктура и слично, тоа не е случај очигледно.“

Горан Дамчевски е претставник на групација за консултантски активности. Најголеми забелешки има за тоа што кредитите што ги даваат комерцијалните банки немаат развојна компонента. Според досегашните искуства на луѓето од бизнисот, доколку продолжат парите да се пуштаат во оптек на стандарден начин, преку комерцијалните банки, и ако бизнисмените мора да ги застапуваат прописите на банките, многу е мала веројатноста дека ќе завршат за раздвижување на бизнисот или ќе завршат во одредени кругови, вели Дамчевски:

„Под овие услови што ги наметнуваат банките, без Народната банка да преземе некакви чекори за да се подобрат условите за кредитирање на бизнисот, сите пари ќе завршат во одредени кругови. Без разлика дали се од ИПАРД, дали се од било каде, апсолутно е сеедно.“

Владата почна да го троши кредитот од ММФ вреден 220 милиони евра. Министерот Ставревски кажа дека ќе се финансираат буџетски трошења пред се за покривање на зголемените инвестиции во капитални проекти. Економистите пак велат дека трошењето за тековни потреби како плати, го сметаат како гасење пожар од тековна природа што владата не смеела да дозволи да и се случи.