Нуклеарните централи и натаму важни, но поголемо внимание за безбедноста

Шефот на Меѓународната Агенција за Атомска Енергија, Јакиа Амано изјави во Чернобил дека моменталната криза во нуклеарката Фукушима, нема да го намали значењетона нуклеарната енергија. Амано, во придружба на генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун и украинскиот претседател Виктор Јанукович, сепак додаде дека мора да се посвети поголемо внимание на безбедноста на нуклеарките. Во наредната недела се одбележуваат 25 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил, а комеморациите започнаа од вчера.