Меѓународната заедница без решение за кризата во Јемен

Сана 19.04.2011

Министрите за надворешни работи на арапските земји денеска во Дубаи разговараа со јеменска делегација за иницијативата за надминување на кризата меѓу демонстрантите и властите во Јемен. Во заедничката изјава по состанокот, министрите не соопштија детали од разговорите. Синоќа и Советот за безбедност на Обединетите Нации, зад затворена врата, расправаше за ситуацијата во Јемен, но немаше заедничка изјава. Во меѓувреме, агенциите денеска јавуваат дека 5-мина демонстранти биле убиени во акцијата на полицијата за растерување на демонстрантите во Сана, кои бараат оставка од претседателот Али Абдула Салех.