Путин во Думата, раст на руската економија од 4,2 насто

Владимир Путин 20.04.11

Рускиот премиер Владимир Путин денеска има годишно обраќање во Парламентот. На почетокот од маратонската сесија на Думата, Путин оцени дека во времето на глобалната економска криза, Русија ги избегна сериозните шокови и ризици. Тој за ова агодина предвидува раст на руската економија за 4,2 насто. Ова е последно обраќање на Путин во Думата во овој состав, бидејки во декември во Русија ќе се одржат парламентарни избори, а во наредната година и претседателски.